148
На церемонија во Ерусалим, Палестинката Сали Азар за првпат беше ракоположена за протестантски свештеник во Светата земја, јавува Би-Би-Си.
Таа ќе ја води конгрегацијата на англиски јазик во Црквата на Спасителот, соопштија Евангелистичко-лутеранската црква во Јордан и Светата земја.
Нејзиното ракополагање за свештеник се одржа во преполна црква во стариот град на Ерусалим, јавува Би-Би-Си.