Менаџерот на Челзи, Антонио Конте може да не издржи психички и да поднесе оставка уште пред крајот на сезоната, тврди „Дејли Мејл“.
Тимот од Лондон се претстави доста безидејно против Вест Хем и на крајот стигнаа само до реми 1:1 против својот градски ривал.
Иако тимот се уште има шанси да го освои ФА Купот и да спаси нешто од сезоната, сепак кампањата за тимот како целина се јавува како целосен неуспех, а играчите дефинитивно не се мотивирани.
Според изданието, шефовите на тимот се цврсто решени да го почекаат Италијанецот да си поднесе оставка и да замине, бидејќи така ќе заштедат 9 милиони фунти во форма на компензација, кои ќе треба да му ги платат при разрешување.
Со оглед на моменталната ситуација, сосема е можно тоа да се случи пред крајот на сезоната, бидејќи стратегот е во лоши односи со своите шефови и секој ден во англиската престолнина е како пекол за него.
Во оваа сезона, тимот нема да се бори дури ни за место во топ 4 и така ќе го пропушти учество во Лигата на шампионите, а ако не си замине пред крајот на сезоната, тогаш Конте ќе го напушти тимот сигурно во текот на летото.