Раководството на Манчестер Јунајтед му изгласа доверба на Аморим

од Vladimir Zorba
27 прегледи

Извршниот директор на Манчестер Јунајтед, Омар Берада му даде сериозен поттик на менаџерот на тимот Рубен Аморим, изјавувајќи дека би бил среќен да го води тимот на новиот стадион.

Истовремено, Берада признава дека е ризичен потфат истовремено да се изгради спортски објект и тим од светска класа.

Клубот од Премиер лигата во вторникот објави дека планира да изгради нов стадион за 100.000 гледачи. Берада се надева дека ќе го пресели тимот на новиот стадион, кој ќе чини 2 милијарди долари, на почетокот на сезоната 2030-31.

„Ќе бидеме среќни да го отвориме новиот стадион со Рубен на чело на тимот“, рече тој.

Сепак, под водство на Португалецот, тимот има многу колебливи натпревари откако тој го презеде во ноември, а „црвените ѓаволи“ се на 14-то место во табелата во Премиер лигата. Ако тимот не ја освои Лигата на Европа оваа сезона, најверојатно ќе ги пропушти европските турнири следната кампања, што ќе влијае на финансиите на клубот.

„Има различни начини да се оди напред и еден од нив е да се забрза изградбата на нов стадион, кој ќе биде завршен во рок од 5 години, тоа е нашата амбиција“, додаде Берада. „Големата предност на овој клуб е најголемата база на навивачи во светот и можноста да се биде број 1 по приходи“, смета директорот.

Слични содржини