Раководството на Реал го отпиша Зидан: Нема да биде отпуштен веднаш, но му бараат замена до летото

од Stefanija Kuzmanovska
314 прегледи

Зинедин Зидан е под голем притисок во Реал, најголемиот откако се врати на клупата на тимот од Сантијаго Бернабеу. Испаѓањето од третата лига во Копа дел Реј од Алкојано беше капка што ја прелеа чашата во Мадрид.

Сепак, Зидан не сака да поднесе оставка и со тоа да се откаже од уште година и пол од договорот, а со тоа и од повеќе милионските суми, а од друга страна, ниту Мадриѓаните не сакаат да го отпуштат се додека не добијат соодветно решение како замена.

Според „Марка“, раководството на Реал ќе претпочита да чека крај на сезоната, за да не направи кратења сега, без реална идеја кој би бил наследник.

Реал за краток временски период остана без два трофеи, Суперкупот на Шпанија и Купот на кралот, но сепак е во игра за два трофеи – Лигата на шампионите и првак на Шпанија.

Зидан имаше и неколку тешки моменти во првиот дел од сезоната, како поразите против Шахтјор во Лигата на шампионите, но Реал на крајот се „провлече“ и обезбеди нокаут-фаза во Лигата на шампионите како прв во групата.

За лошиот однос со некои играчи, како што е Иско и Марсел, се обвинува и Зидан, а многумина го обвинија дека не му дал вистинска шанса на Лука Јовиќ, што тој го покажа на неговото деби за Ајнтрахт, кога постигна два гола.

Слични содржини