Ралповски: Административците станаа социјална категорија, затоа секојдневно ќе се протестира

од Берта Китинска
356 прегледи

Административците станаа социјална категорија, затоа секојдневно ќе се протестира се до исполнување на нашите барања, вели претседателот на Конфедерацијата на синдикати, Благоја Ралповски во гостувањето во Телма.
Очекува поддршка од другите синдикални организации и разбирање од јавноста.

-Се надеваме дека ќе добиеме силна поддршка на денешниот протест. Ситуацијата не стави во ќош имаме полицајци кои зимаат под минималната плата имаме во јавниот сектор лица кои зимаат под минимална плата и тоа е едно срамно и потценувачко решение, вели Ралповски.

Протестот ќе се случува од 16 до 17 часот пред зградите на Владата и на Парламентот. Клучно барање е порамнување со минималната плата за сите вработени.

Слични содржини