Ралповски: Џабе ни е раст на платите, ако инфлацијата го изеде зголемувањето

од Nikola Popovski
52 прегледи

Нема работник и Синдикат кој што не сака поголема плата во државата. Ако се отвори прашањето за минималната плата, тука сме да поддржиме се што е базирано на факти, стратегии и анализи. Ќе имаат поддршка од наша страна ако во делот на тоа покажат дека сега е потребно покачувањето на минималната плата, но, од друга страна да не предизвикаме големи потреси во државата и инфлацијата итн. Ако се зголеми инфлацијата, џабе ни е растот на платите, ако инфлацијата го изеде зголемувањето, рече денеска претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС), Благоја Ралповски пред денешниот состанок на Економско-социјалниот совет.

Според него, ако се спроведе тоа што беше договорено во месец април, најмалата плата во јавниот сектор ќе биде скоро 500 евра. Вели дека мисијата на КСС ја оствариле во последната година.

Од Сојузот на синдикати на Македонија вчера најавија дека ќе го покренат прашањето за зголемување на минималната плата на 500 евра и за зголемување на сите останати плати за 6.000 денари. Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов на прес-конференција посочи дека синдикалната минимална кошничка што ја пресметува ССМ лани е зголемена за 6 500 денари, а оваа година делот за храна и пијалаци од завршувањето на последната мерка пораснал за 2 000 денари или за 150 евра се зголемени трошоците за живот за едно четиричлено домаќинство.