Ралповски: Доставивме барања до Владата, доколку не не сослушаат протестите ќе бидат порадикални

од Nikola Popovski
301 прегледи

„Бараме почитување на законите и колективните договори. Сите закони од трудовото право се кршат, а ние кога ќе бараме почитување на законите, властите се пресметуваат со синдилнките членови, лидери и здруженија“, изјави  Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС), Благоја Ралповски, на денешниот протест пред Владата.

Според него, тие доставиле барања до Владата, а доколку не бидат сослушани, ќе реагираат порадикално и помасовно.

„Сакаме да оставиме разговор на фер основа, каде ќе се почитуваме меѓу нас, како што го прават низ цела Европа, владите и синдикалните здруженија“, вели тој.

Протестот на КСС започна од булеварот Гоце Делчев спроти Македонска телевизија, преку Собранието, а крајната цел беше пред Владата. Тие се незадоволни се од актуелната ситуација во државата во однос на работничките права.

Слични содржини