307
Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) денеска на конгрес го избира новото раководство, а единствен кандидат за претседател е досегашниот претседател Благоја Ралповски.
Она што останува предизвик за новото раководство на синдикатот ќе биде обештетувањето на синдикалниот имот, борбата за почитување на законите и колективните договори и решавање на судските спорови за работни односи во разумен рок.
– Споровите траат предолго. Работниците се заморуваат и финансиски се исцрпуваат. Затоа, бараме од Владата, пред се судските спорови од работен однос да бидат судени во разумен рок, односно согласно Законот – шест месеци на првостепен суд и три месеци на второстепен суд, истакна Ралповски.