482
Претседателот на КСС Благоја Ралповски на денешниот протест пред Собранието изјави дека голем број административни работници се соочуваат со огромни притисоци поради штрајкот во работењето.
-Има голем страв и да излегуваат на улица. Се јавуваат, добиваме голем број повици, претседателите на синдикатите го кажуваат. Притисоци дека можат да ги загубат работните места. Тоа е главна причина зошто денеска сме тука во мал број, кажа Ралповски, при што информира дека поради таа причина се прекинува денешниот протест.
Според него, во текот на вечерните часови ќе има итен состанок во Синдикатот, на кој ќе се одлучува за следните мерки, по што утре ќе излезат со повеќе информации.