Ралповски: Работниците излегуваат на улица

од Nikola Popovski
331 прегледи

„Предупредивме дека ќе има протест, затоа што работничките права последниот период се на најниско ниво од основањето на суверена и независна Македонија. Затоа што не се почитуваат законите во трудовата област, затоа што не се почитува Законот за минимална плата и др. Работниците излегуваат на улица“, вели претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС), Благоја Ралповски за емисијата „Студио 10“.

Според него, се врши „терор“ и притисок врз Конфедерацијата и немаат никаква соработка со државните органи.

Протестот на КСС е закажан за 15-ти април, а одлуката е донесена на највисокиот орган на синдикатот на 7 април. Протестот ќе почне од булеварот Гоце Делчев спроти Македонска телевизија, преку Собранието, a ќе заврши пред Владата.

Според Ралповски, апсурдно е да се зборува за зголемување на минималната плата од 1,7 проценти кога инфлацијата во март е 2 проценти.

Слични содржини