Рама: Јас и Вучиќ имаме сосема различни ставови за прашањето за Косово

од Stefanija Kuzmanovska
194 прегледи

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека српскиот претседател Александар Вучиќ и тој секогаш имаат сосема различни ставови за прашањето за Косово, кое, како што рече, Вучиќ го нарекува Косово и Метохија.

„За мене тоа е слободна, демократска, суверена држава Косово. Мислам дека во меѓувреме работите напредуваат, работите се менуваат. Работите се движат во вистинска насока. Полека, но тие се движат. Порано немавме комуникација и беше невозможно да се замисли дека Србите и Албанците би можеле да бидат на иста маса. Значи, ќе треба време, ќе треба време, но тоа е во ред“, изјави Рама за црногорската телевизија А плус.

Слични содржини