Рама: Агресори повторно извршија сајбер напад врз Албанија

од Vladimir Zorba
174 прегледи

Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска откри дека во петокот вечерта бил извршен нов сајбер напад врз таа земја, дека се работи за истите напаѓачи и дека нападот бил разоткриен и дека е осуден од сојузничките и пријателски земји.

„Информацискиот систем за управување (ТИМС) на земјата е нападнат, а истите агресори стојат зад тоа“, рече Рама на Твитер, алудирајќи на неодамнешниот напад за кој Тирана тврди дека дошол од Иран.

Албанскиот премиер вели дека техничките тимови работат деноноќно со сојузниците за да ги направат дигиталните системи непробојни.

Слични содржини