Рама: Албанија собра потписи во собранието на Советот на Европа за да ја поништи резолуцијата на Марти

од Vladimir Zorba
183 прегледи

Албанскиот премиер Еди Рама денеска соопшти дека Албанија собрала потписи во Собранието на Советот на Европа за нова резолуција, со која ќе се оспори резолуцијата на Дик Марти од 2011 година, во која Ослободителната војска на Косово беше обвинета за трговија со човечки органи.

Рама на Фејсбук изјави дека во резолуцијата на Марти од 2011 година „без никакви факти се упатени страшни обвинувања против ОВК за трговија со човечки органи“, но оцени дека патот до правдата за Косово ќе биде тежок, пренесе Косово онлајн.

„Патот на правдата за пролеаната крв и слобода, за мачениците на ОВК и хероите кои се во Хаг, ќе биде долг и болен, дури и навредлив, но на крајот правдата ќе триумфира, бидејќи нема сила во свет кој ослободителната војна ќе ја нарече криминална“, рече тој.

Во 2011 година, Парламентарното собрание на СЕ го усвои извештајот на својот специјален известувач Марти, а потоа и резолуцијата за трговијата со човечки органи во Република Косово, во која повика на меѓународна истрага.

Минатата година албанскиот парламент усвои резолуција со која ги оспорува тврдењата од извештајот на Марти, кој Тирана го проследи до Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Слични содржини