Рама: Албанија користи вештачка интелигенција за да го подобри преговарачкиот процес со ЕУ

од Nikola Popovski
22 прегледи

Албанскиот премиер Еди Рама на панелот „Дијалог за дигитална иднина“, во пресрет на дебатата на Генералното собрание на ОН во Њујорк, рече дека Албанија на најдобар можен начин ја користи дигиталната трансформација, нагласувајќи дека земјата ги користи предностите на моделот на вештачка интелигенција за подобрување на процесот на преговори за членство во Европската унија.

Рама изјави дека во Албанија 95 отсто од услугите се достапни онлајн.

„Дигиталната технологија со нејзиното ветување за експоненцијален напредок е благодет за земјите во развој. Ние во Албанија го видовме тоа во реалниот живот и со релевантни напори станавме земја каде што 95 отсто од услугите се нудат на интернет денес и каде што има шалтери и долги редици сега е минато Од друга страна, ги користиме предностите на моделот на вештачка интелигенција за брзо да ги унапредиме преговорите за членство во Европската унија“, рече Рама.

Сепак, тој забележува дека дигиталната технологија не е само благослов, туку и проклетство кога се во прашање сајбер нападите.

„Албанија е жртва на жесток сајбер напад од Иран. Во реалноста, доживеавме колку овој нов свет базиран на технологија може да им наштети на државите и граѓаните. Но, нема сомнеж дека ќе успееме да создадеме систем во кој светот и заедницата на нации може да ги користи дигиталните технологии на најдобар начин и во исто време да ги спречи сите штетни ефекти кои можат да произлезат од нивните злоупотреби, за овој свет да биде многу подобро место“, истакна Рама.

Слични содржини