Рама бара КФОР да ја преземе контролата врз северно Косово

од Vladimir Zorba
195 прегледи

Албанскиот премиер Еди Рама денеска побара КФОР да ја преземе контролата на северот на Косово.

На прес-конференцијата тој оцени и дека треба да се промени форматот на дијалогот меѓу Белград и Приштина, кој, според него, треба да се подигне на конеферециско ниво.

Истовремено, смета тој, Европската унија и евроатлантската заедница треба да бидат претставени на највисоко ниво, а Франција и Германија на ниво на претседател и канцелар.

Слични содржини