Рама: Бугарија ја држи Македонија во заложништво

од Vladimir Zorba
244 прегледи

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Бугарија го блокирала процесот на евроинтеграција на Северна Македонија за свои интереси.

Ваква оценка тој изнел гостувајќи во телевизиска емисија кога зборувал за очекувањата на меѓу владината конференција.

– Погледнете што се случува сега, во моментот кога нештата се готови, туп излегува Бугарија и ја блокира Македонија таму. Зошто Бугарија ја блокира Македонија? А? Ја блокира за свои интереси. Ја блокира заради своја внатрешна динамика таму и ја држи Македонија во заложништво. И, сега, ќе видите што ќе се случи, друга држава, која не затоа што не ја сака Македонија или не нè сака нас, туку затоа што нивниот народ не го сака тоа проширување, другите не сакаат, изјавил Рама во интервју за „Визион плус“, пренесуваат медиумите.

Но, Рама оди понатаму, велејќи дека доколку Швајцарија го имаше името Албанија или Северна Македонија и нејзе ли ќе и беше кажано: „не можете да влезете побрзо“

Слични содржини