Рама до македонската опозиција: Добри се таму, можеби ќе се опаметат со време

од Nikola Popovski
255 прегледи

Премиерот на Албанија, Еди Рама вчера упати критики кон македонската опозиција, откако уште еднаш предизвика внимание со својата позната иронија која ја кажа при фотографирањето со лидерите на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и на претседателот на Франција, Емануел Макрон.

„Поздрав од Источна Македонија”, кажа вчера Рама во Брисел.

Подоцна, на прес-конференцијата, одговарајќи на новинарско прашање, Рама рече дека се надева оти неговата најнова досетка нема да се сфати како претходната.

„Се надевам дека нема да се случи како со глупавата македонска опозиција, ОК… која го сфати она што го реков за Западна Бугарија како навреда. И видеото беше скратено, бидејќи реков иден премиер на Западна Бугарија и потоа: идниот премиер на Источна Албанија. Бидејќи тие бараат од оваа земја да ги направи сите напори. Тие го сменија името. Но, ова беше кажано како нешто не многу убаво за Бугарија и за ЕУ, а не за Северна Македонија. Но, кога си глупава опозиција, тогаш си осуден да останеш опозиција. Така што, добри се таму и можеби ќе се опаметат со време…“, рече Рама.

Албанскиот премиер пред неколку недели предизвика бура од реакции кога во Солун направи слична досетка кога „го корегираше“ грчкиот премиер Мицотакис при претставувањето на македонскиот премиер Ковачевски пред германскиот канцелар. Кога Мицотакис рече „премиерот на Северна Македонија“, Рама видно расположен додаде: „Идниот премиер на Западна Бугарија“, што беше проследено со смеење.

Слични содржини