Рама: Долг е патот до украинското признавање на Косово

од Stefanija Kuzmanovska
276 прегледи

Премиерот на Албанија Еди Рама, по повод доаѓањето на претседателот на Украина, Володимир Зеленски во Тирана, изјави дека патот до украинското признавање на независноста на Косово е долг, но дека е добро што Приштина ќе има свој претставник на Самитот, каде ќе биде дадена поддршка за Киев во конфликтот кој го има со Русија.

Рама, на прашањето дали ќе разговара со Зеленски за позицијата на Украина дека нема да го признае Косово, додека Косово гласно ја поддржува Украина, рече дека најблагородната работа која ја прави Косово е што е лојален на своите вредности.

„Тоа е за почит и не се прави за да се добие нешто. Косово ја прави вистинската работа, пред се за себе, што се однесува до лојалноста кон своите вредности. Секако дека патот до признавањето од Украина е долг, но позитивно е што Косово ќе биде учесник на Самитот. Претседателката Османи брзо одговори на поканата и сите заедно ќе бидеме таму. И покрај разликите, комплицираните прашања меѓу себе, сите ќе бидат таму со Украина, за нешто што нè поврзува сите нас, на различни начини“, навел Рама.

Бидејќи на 29 февруари ќе се одржи самитот на ЕУ и земјите од Западен Балкан, Рама посочува дека ова е можност Србија и Косово да разговараат.

Слични содржини