Рама: ЕУ да не го повторува срамното однесување кон Западен Балкан како за време на пандемијата

од Vladimir Zorba
187 прегледи

Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска во Белград побара од Европската унија да не го повтори срамното однесување во однос на Западен Балкан во однос на енергетската криза, како што покажа за време на пандемијата на коронавирусот, кога земјите од регионот беа принудени да се обратат до Русија, Кина и Турција за помош.

Според Рама, ЕУ во таа ситуација била затворена и „гледала исклучиво кон ѕидините на својот замок“.

Рама изјави дека Тирана, Белград и Скопје ќе побараат од ЕУ дополнителна финансиска поддршка, што за Албанија би значело 500 милиони евра наменети за континуирано снабдување со електрична енергија и одржување на енергетскиот систем.

Слични содржини