Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за косовски „Национал“ изјавил дека властите во Приштина треба да направат се што бара меѓународната заедница од нив и оценил дека споредбата на ЗСО со Република Српска е „изборен мит кој нема врска со реалноста“.
„Не е мое да бидам коментатор или аналитичар на она што се случува на Косово, но едно знам дури и по цена да бидам нападнат како предавник од онлајн армијата на Косово, но не ми е гајле. Да беа сите предавници како мојата работа, Косово денеска ќе беше во Советот на Европа“, рекол Рама и додал дека ќе избрал друга стратегија за преговори со Србија.
„Косово нема дијалог со Србија. Тоа им го кажав на сите ваши лидери. Косово води дијалог со ЕУ, но нема цел да се интегрира во ЕУ. Треба да има цел за да влезе во ЕУ и да стане член на семејството на Западот, имајќи предвид дека истокот е Русија. Што треба да направи Косово? Треба да го исполни својот дел од А до Ш, без воопшто да праша што треба да направи Србија. Она што се бара од Косово е за доброто на Косово“, истакнал албанскиот премиер.
Како што навел, доколку ја определил стратегијата и тактиката на преговорите, ќе исполнил се што се барало.
„И јас би рекол дека го направивме нашиот дел, сега одете да се справите со другите таму. Со тоа што го направи спротивното, Косово ја поврза својата судбина со Србија. Ова можеби е добра тактика за електоратот одвнатре, но од аспект на поглед на меѓународната субјективност, тоа не е продуктивно“, смета Рама.
Изјавата на новинарот дека на Косово постои страв дека ЗСО ќе создаде нова Република Српска, премиерот на Албанија ја смета за „изборен мит“. Тој оценува дека доколку Приштина веднаш го прифатела нацрт-статутот на ЗСО, подоцна немало да има промени.
„Само Курти може да го собори Курти“
Одговарајќи на прашање за членството на Косово во Советот на Европа, тој подвлекол дека „го почитува фактот што со Косово не управува Албанија, туку Курти“.
„Никогаш немав амбиција да се занимавам со политика на Косово, ниту да му покажам на Косово дека татко ви е тука во Тирана. Едноставно се обидов да му покажам на Косово како ние од Албанија го гледаме тоа најдобро. Ние не сме партија во Косово“, вели тој.
Тој додава дека нема намера да „се меша со неговата партија“ ниту во Косово, ниту во Северна Македонија.
„Албин е професионален опозиционер. Го чекам денот кога ќе протестира против сопствената влада. Единствениот што може да го собори Курти е само Албин Курти. Не се задоволува со револуционерната желба и оди во Македонија, како и што доаѓа во Албанија. Дента кога дојде да ги претстави кандидатите, со мене јадеше шпагети. И пак ќе јаде кога ќе дојде да ги претстави кандидатите. Албанците често ми кажуваат како можеш така да се однесуваш со твојот помал брат. Да, тоа го прави помаилот брат и вие нема што да правите“, вели Рама.
Според него, тоа што Курти формирал партија од неговото движење „Самоопределување“ во Албанија не е ни најмалку нормална работа.