Рама го пречека Груби со пораката census.stat.gov.mk

од Берта Китинска
190 прегледи

Албанскиот премиер Еди Рама го пречека првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Грубисо транспарент за пописот.

„Задоволство е што денес во Тирана остварив средба со албанскиот премиер Еди Рама.Господинот Рама ме пречека со интересна порака, тој имаше напишано на еден бел лист: htpps: //census.stat.gov.mk.

Почестен за овој братски прием од страна на г. Еди Рама со кого разговаравме за билатералните односи меѓу Македонија и Албанија, но и за спорот што во последните месеци е реактуализиран меѓу РМ и Бугарија, но без да заборавиме да поразговараме и на темата за интеграција на нашите земји во Европската Унија.

Разменивме мислења и за Коридорот 8, проект за кој г. Рама рече дека во Албанија тоа е владин приоритет бидејќи е во интерес на земјата, но и на целиот регион. Во оваа прилика го информирав албанскиот премиер дека и во Македонија се работи на што поскоро завршување на изградбата на овој коридор.

Со г. Рама разговаравме и за важноста на процесот на регистрација на ДИАСПОРАТА каде што во оваа прилика г. Рама апелираше до дијаспората на РМ да одговори што е можно повеќе на процесот на регистрација, бидејќи со оваа акција тие исполнуваат морална и национална обврска“, напиша Груби на Фејсбук.

Слични содржини