Рама и Ердоган ја отворија најголемата џамија на Балканот

од Nikola Popovski
488 прегледи

Албанскиот премиер Еди Рама и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган присуствуваа на свеченото отворање на џамијата Намазга во Тирана, најголемата на Балканот. Порачаа дека тоа треба да биде место за сите верници, пренесува ABC News.

Ердоган и Рама со своите сопруги го одбележаа отворањето на џамијата со свечено сечење на лентата. При тој повод, турскиот претседател изјавил дека џамијата Намазга е величествено дело.

„Им благодарам на секој од вас за оваа емоција што ми ја дадовте. Среќен сум што денес сум во оваа света средина… Изразувам најдлабока благодарност до премиерот на Албанија, Еди Рама, за сета поддршка и до сите Албанци кои барем малку придонесоа за реализација на ова величествено дело“, рекол турскиот претседател.

Тој ја споменал и војната меѓу Израел и Хамас, наведувајќи дека Израел „бомбардира цркви, џамии и цивили“.

Ердоган изјавил дека Владата на Израел докажала дека нема намера да воспостави мир во регионот и дека, според него, тоа го покажала со нападот на Либан.

Ердоган рекол и дека „морална обврска на човечката совест е да се спротивстави на тероризмот во Израел и Палестина“ и апелирал до меѓународната заедница дека „мора да има одговорност и совест“.

„Мора да одржиме заеднички став“, побарал Ердоган.

Од друга страна, Рама дека пристигнал денот долгоочекуван од муслиманската заедница.

„Ова свето место, кое дише универзална вера, е наследство на цела нација. Почетоците на ова благословено дело пред 10 години го нареков „ослободување на Намазга“. Не можам да заборавам колку добра волја беше потребна за да се исчисти просторот во кој се наоѓа оваа џамија, која беше претворен во чаршија, за да им се исполни потребата на муслиманските верници да имаат свој храм…“, порачал албанскиот премиер.

Слични содржини