Претседателот на Албанија Илир Мета и премиерот Еди Рама преку социјалните мрежи ја поздравија одлуката на бугарскиот парламент за „укинувањето на ветото за Република Северна Македонија”.
„Само што добив повик од Бојко Борисов. Не можев доволно да му се заблагодарам за доброто мислење дека ми се јави, но можев да му се заблагодарам за неговата одлучувачка улога во отстранувањето на ветото во парламентот! Вистински пријател, вистински лидер. Неговата партија ГЕРБ и другите го спасија образот на Бугарија и ЕУ! Сега ЕУ мора брзо да дејствува“,напиша Рама на Твитер.
Just got a call from @BoykoBorissov. I couldn't thank him enough for his kind thought to call me,but could thank him for his defining role in getting rid of the VETO in parliament! Real friend,real leader.His party GERB&Others saved the face of Bulgaria&EU!Now EU should act fast!
— Edi Rama (@ediramaal) June 24, 2022
Мета за изгласувањето на декларацијата во бугарскиот парламент го нарече долгоочекувана вест од Бугарија и го поздрави тоа преку објава на Фејсбук.
„Конечно дојде долгоочекуваната вест од пријателска Бугарија, која отсекогаш била цврст поддржувач на нашиот процес за членство. Гласањето на бугарскиот парламент за укинувањето на ветото за Северна Македонија го отвори патот за почеток на преговорите за членство на нашите две земји. Се чекаат следните вести од состанокот на Европскиот совет, кој сè уште трае“, напиша Мета.