Рама ја прогласи „најубавата победа“ на изборите во Албанија

од Nikola Popovski
304 прегледи

Според првичните резултати, Еди Рама победи на парламентарните избори во Албанија, неговата владејачка Социјалистичка партија (ПС) е на пат да го задржи мнозинството, а тој третиот мандат.

Врз основа на преброените гласачки ливчиња со 95% од избирачките места, Социјалистичката партија освоила 49% од гласовите, што е за 10% подобро од опозициската Демократска партија (ПД) обединета со десетина други партии, пренесува „Еуроњуз Албанија“.

Според проекциите на Централната изборна комисија (ЦИК), Социјалистичката партија ќе има 74 од 140 места во парламентот, односно апсолутно мнозинство, што му овозможува на Еди Рама да биде првиот премиер што ќе освои трет мандат.

Тој ја прогласил „најубавата победа“ на парламентарните избори и ги повикал приврзаниците синоќа на собир за да го прослават успехот на плоштадот Скендербег.

Околу 3,6 милиони гласачи, 2,8 милиони албански државјани и 800 000 Албанци од странство гласаа 140 пратеници во неделата за да ги претставуваат во албанскиот парламент во следните четири години, а излезноста се проценува на помалку од 48 проценти, нешто повеќе од пред четири години.

Слични содржини