Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека Косово со право го поставува прашањето за реципроцитет со Србија, но исто така предупреди дека мора да се избегне прекин на дијалогот.
Тој потсети на претходното воведување такси од 100 проценти за Србија, кога беше прекинат дијалогот меѓу Белград и Приштина.
„Косово го поставува ова прашање со целосно право. За да се реши проблемот и да се обезбеди реципроцитет на регистарските таблички, мора да се избегне бумерангот од замрзнување на дијалогот во овој момент (како што се случи со таксите од 100 проценти)“, напиша Рама во објавата на Твитер.
Kosova e ngre problemin me plot të drejtë.Tani që problemi të zgjidhet dhe reciprociteti i targave të garantohet duhet shmangur bumerangu i ngrirjes së konfliktit në këtë pikë (siç ndodhi me tarifën 100%).Duhet që Kosova të dialogojë, Serbia të bashkëpunojë, BE të ndërmjetësojë.
— Edi Rama (@ediramaal) September 21, 2021