„Тоа што се случува е едно исто и не би сакал да кажам дека и во иднина ќе биде исто“, изјави премиерот на Албанија, Еди Рама од Преспанскиот форум за дијалог, коментирајќи ја блокадата од Бугарија и се уште немањето датум за преговори на Албанија и Македонија со ЕУ.
Според него, ние не можеме да одиме никаде.
„Можете еднаш да организирате убава свадба, со тоа што ќе направите се да изгледа убаво, но на крајот невестата да не се појави. Можете да го повторите тоа неколку пати и пак таа да не дојде. Тогаш го кажувате зборот на „е“ на македонски јазик и не организирате свадба. Му кажав на Зоран (премиерот Заев) за музиката од Европа и дека ние го одбравме овој пат поради нашата цврста визија“, рече Рама и додаде дека не ни е потребна ЕУ, за да имаме блиска соработка меѓу сите земји од Западен Балкан.