Албанскиот премиер Еди Рама ја поздрави одлуката на Бугарското национално собрание за усвојување на францускиот предлог за решавање на спорот со С. Македонија. Рама информира дека имал телефонски разговор со лидерот на ГЕРБ и поранешен бугарски премиер, Бојко Борисов.
-Само што имав телефонски повик од Бојко Борисов. Не можев доволно да му се заблагодарам за неговата љубезна мисла да ми се јави, но можев да му се заблагодарам за неговата одлучувачка улога во кревањето на ветото во бугарскиот парламент! Вистински пријател, вистински лидер. Неговата партија ГЕРБ и другите го спасија образот на Бугарија и ЕУ! Сега ЕУ треба да дејствува брзо!, објави Рама на Твитер.
Премиерот Димитар Ковачевски вчера го одби предлогот на француското претседателство со ЕУ за преговарачката рамка на С. Македонија, оценувајќи се додека е во ваква форма не може да биде прифатен од македонските власти.