Рама повикa Западен Балкан да стане „брза лента“ за иновации во Европа

Албанскиот премиер зборуваше на Инвестицискиот форум ЕУ-Западен Балкан што се одржува денес и утре во Тирана, а чија цел е зајакнување на економската соработка и промовирање на нови инвестициски можности меѓу земјите од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија и Црна Гора) и Европската Унија.

од Vladimir Zorba
16 прегледи Фото: Фејсбук/Официјален профил на Еди Рама

Албанскиот премиер Еди Рама повика Западен Балкан да стане „брза лента“ за иновации во Европа и ја нагласи потребата од развивање на соработката меѓу земјите во регионот и ЕУ, објави АТА.

Албанскиот премиер зборуваше на Инвестицискиот форум ЕУ-Западен Балкан што се одржува денес и утре во Тирана, а чија цел е зајакнување на економската соработка и промовирање на нови инвестициски можности меѓу земјите од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија и Црна Гора) и Европската Унија.

„Не е потребна многу наука, но е потребна храброст за да се разбере дека Западен Балкан може да стане рај за Европа. Да го замислиме заедничкиот простор на новиот хоризонт – меѓусебно поврзан екосистем каде што инвестициите се одобруваат не за години, туку само за месеци, каде што усогласеноста е едноставна и транспарентна, поддржана од иновации, дигитализација, вештачка интелигенција, каде што пазарните закони ги исполнуваат вредностите на ЕУ“, рече Рама за време на настанот, повикувајќи регионот да стане „брза лента“ за иновации во Европа.

„Истата визија некогаш ги обединуваше земјите како Полска, Чешка, Словачка и Унгарија во ЕУ, отворајќи нов хоризонт во тоа време што создаде огромен раст за нив и донесе дивиденди за Унијата невидени со децении“, потсети Рама, нагласувајќи ја потребата од развивање на соработката меѓу земјите од Западен Балкан и ЕУ.

Слични содржини