Рама: С. Македонија го смени името заради преговорите со ЕУ, историјата не може да биде причина за блокада

од Nikola Popovski
240 прегледи

Втората меѓувладина конференција Албанија-ЕУ за отворање на главните преговарачки поглавја се одржа денеска во Луксембург. Во својот говор на оваа конференција, премиерот на Албанија, Еди Рама го коментирал моментот кога Албанија и С.Македонија заедно во пакет се приклучиле на патот за членство во ЕУ, што доведе во условување, нешто што, според него, било нефер кон двете земји.

„Албанија многупати беше присилно споена со други. Сосема наеднаш се најдовме обединети со С. Македонија, не беше толку лошо што можевме да ги споделиме мрачните ситуации меѓу себе чекајќи ја ЕУ. Се чувствуваме тажни и стотици пати кажувам дека нашите браќа од Македонија се уште не успеале да влезат во оваа фаза од процесот, иако беа први. Кога зборувам за нашите понижувања, три пати ни беше одбиено членството, С. Македонија го смени името за да го следи ова, па стојам на се што кажав за нашите бугарски пријатели – историјата не може да биде причина за запирање на преговорите за членство на која било земја“, рекол меѓу другото Рама од Луксембург.

Тој посочил дека целта на Албанија е ЕУ и дека нема „план Б“.

„ЕУ често беше неправедна кон земјите кандидати, беше неправедна кон нас кога ги отфрли препораките дадени од нејзината комисија врз основа на фактите. Не можеме да имаме план Б кога станува збор за владеење на правото и демократијата што не може да биде Загарантирана надвор од ЕУ, Албанија ги исполни сите предуслови за почеток на оваа фаза на интеграција“, заклучил Рама.

Европската унија го раздели патот на Македонија и Албанија кон ЕУ. Одлуката на ниво на амбасадорите на земјите-членки во ЕУ била донесена едногласно.

Кластерот што ќе го отвори Албанија е кластерот Основи во која се наоѓаат поглавјата поврзани со владеење на правото, судството, но и јавните набавки, статистика, финансиска контрола.

Слични содржини