Рама се надева дека Курти нема да го „избрка од дома“, за иницијативата „Отворен Балкан“ вели дека треба да биде на страна

од Nikola Popovski
453 прегледи

Во Косово кога ќе отидам се уште имам надеж дека Курти не заборавил дека гостинот не се брка од дома, изјави албанскиот премиер Еди Рама на прашање дали ќе се сретне со косовскиот колега Албин Курти во Приштина.

-Се надевам дека Албин не заборавил на каменот дека на било кој да ти дојде дома, му се отвора врата и забрането е да го извадите од домот, додаде Рама, одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски.

Албанскиот премиер се осврна и на иницијативата „Отворен Блакан“.

-Илјада пати да се вратам назад, исто толку пати ќе ја основав Отворен Балкан. Таа не е иницијатива која исклучува. Тоа е само една од 72 иницијативи кои ги има во регионот. Видите ги бројките и придобивките. Берлинскиот процес е чадор во кој сакам да се фокусирам 100%. Не ве разбирам како се уште има сомнежи за ова, кога фактите се јасни, кажа Рама.

На прашањето дали црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ ќе се приклучи на „Отворен Балкан“, Рама рече дека иницијативата треба да биде на страна.

-Никој не сакам да говори за конспирации. За мене иницијативата беше во полза на регионот. Кој не учествувал во неа, погрешил, но иницијативата не е никаква грешка, истакна албанскиот премиер.

Слични содржини