Рама со поддршка за францускиот предлог: Браќа Македонци и Албанци, прифатете го!

од Nikola Popovski
242 прегледи

Албанскиот премиер Еди Рама попладнево соопшти дека го поздравува францускиот предлог кој од Париз денеска пристигна во македонската Влада.

-Последниот француски предлог, кој воедно е и конечен, и дава можност на Северна Македонија за безусловен пристап и го отвора патот за официјален почеток на преговорите за членство на двете земји во Европската Унија! Им велам на браќата Македонци и Албанци од С. Македонија: Прифатете!, објави Рама на Твитер.

Францускиот предлог за укинување на ветото за Северна Македонија беше усвоен од бугарскиот парламент во петокот на 24 јуни, а премиерот Димитар Ковачевски ден претходно рече дека е неприфатлив за Скопје „во сегашната форма“.

Ковачевски тогаш во Брисел истакна дека Скопје има три клучни услови за преговарачката рамка, а тоа е целосно признавање на македонскиот јазик, дека историските прашања не треба да бидат дел од преговарачката рамка и дека пристапните преговори почнуваат пред Бугарите, Хрватите и Црногорците да бидат вклучени во Уставот на Северна Македонија, барајќи гаранции дека нема да има нови бугарски услови.

Макрон го поздрави усвојувањето на францускиот предлог во Софија на 24 јуни и најави дека ќе продолжат разговорите со партнерите во Северна Македонија.

Слични содржини