Рама со вето како одговор на политиката на Груевски

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Не може да се изедначува Албанец  еднакво на теророист,  таа политика не е добрососедска , за таков пристап може и да се добие вето за НАТО

edi-rama_0

НАТО не е воен клуб, туку сојуз на демократски земји, на земји во кои има граѓански слободи, но и стратегија за борба со тероризмот, рече албанскиот премиер Еди Рама нагласувајќи дека Македонија и покрај добрите препораки што ги имаше за членство во Алијансата, сега за тоа не ги исполнува условите.

-Без почитување на Охридскиот договор Македонија не може да биде членка на НАТО. Ги поддржуваме сите напори за барање излез од политичката криза, но  бараме од Алијансата да усвои став за добивање гаранција за спроведување на Охридскиот договор, рече Рама.

За настаните во Куманово Рама оцени дека е направен крајно неприфатлив обид на тероризмот да му се даде етничка димензија, со цел да се лекува, како што рече, политичката криза.

„За жал, во Куманово, зборовите „тероризам“ и „Албанец“ беа сплотени во обид оваа етничка група да се нарече терористичка. Ова е неприфатливо не само за нас, туку и за македонската држава. Мешањето на овие термини ќе биде неприфатливо за нас, исто како и теророт што го преживеаја невините жители на Куманово. Сè што ние сакаме е стабилна Македонија, Македонија во НАТО, но не безусловно. Македонија не може да стане членка на НАТО без гаранција на Охридскиот рамковен договор“, рекол Рама.