Рама во четврток во Скопје

од Nikola Popovski
274 прегледи

Премиерот на Албанија, Еди Рама во четврток (06.07) доаѓа во официјална посета на нашата земја. Доаѓа на средба на покана на претседателот на Владата, Димитар Ковачевски.

Како што објавија од прес-службата на Владата, Рама ќе биде пречекан со највисоки државни почести.

Рама деновиве е актуелен по изјавата дека иницијативата „Отворен Балкан“ е веќе завршена мисија и дека земјите од регионот треба да се насочат кон Берлинскиот процес.

Покрај Скопје, предвидено е Рама да ги посети и Белград, Сараево, Приштина и Подгорица, објавија албанските медиуми.

Слични содржини