Албанскиот премиер Еди Рама денеска соопшти дека воопшто не побарал средба со тетовскиот градоначалник и лидер на БЕСА, Биљал Касами.
-Како одбил да се сретне со мене, кога воопшто не сум побарал состанок со него. Или можеби претходно одбил мислејќи дека јас можеби ќе побарам да се видам со него. Тоа би било превентино одбивање. Билал е градоначалник на Тетово нели? Добар дечко. Никогаш не би го отстранил од функцијата на градоначалник, се пошегува Рама, одговарајќи на новинарско прашање.
Албанскиот премиер е во еднодневна посета на земјава, при што оствари средба со неговиот македонски колега, Димитар Ковачевски.
Претходно информативната агенција на албански јазик ИНА објави дека Касами нема да оди на средба со Рама и ја одбил поканата да се сретне со него.