Рама за Ковачевски: Ова е премиерот на идната Западна Бугарија (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
284 прегледи

Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис по вчерашниот самит на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) на кој присуствуваа лидерите од регионот, како и германскиот канцелар Олаф Шолц и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, организираше коктел за учесниците, на кој присуствуваше и македонскиот премиер – Димитар Ковачевски.

На снимки од коктелот, кои ги пуштија грчките медиуми, може да се случне како Мицотакис на Шолц му го претставува Ковачевски како премиер на Северна Македонија.

Потоа сепак од позадина доаѓа албанскиот премиер, Еди Рама кој, на шега, кажа дека Ковачевски е премиер на државата која во иднина ќе биде Западна Бугарија.

Слични содржини