Рама: За ​​смеење и плачење е хистеријата на некои во Скопје кон премиерот Ковачевски

од Vladimir Zorba
226 прегледи

Откако неговата шега за премиерот на РСМ. Димитар Ковачевски, кој го нарече иден премиер на Западна Бугарија, предизвика негативни реакции во јавноста, премиерот на Албанија, Еди Рама реагираше на Твитер.

-За ​​смеење и плачење е хистеријата на некои во Скопје кон премиерот Ковачевски, по објавувањето на видеото од ракувањето со канцеларот Шолц во Солун, каде ја иронизирав грдата блокада на Македонија од Бугарија! Кафанска кавга среде чадот од ќофтињата, стои во Твитер објавата на албанскиот премиер Еди Рама.

Слични содржини