Рама за уставните измени: С. Македонија нема да се врати во минатото и да се самоизолира

од Nikola Popovski

Судбината беше да се здружат Македонија и Албанија во болка во долг период. За вас беше многу потешко, но и за нас не беше лесен пат. Измените во случајов за вашата земја мислам дека само слабоста, кратковидоста може да ја вратат за да имаме недоразбирање и да се создадат повторно проблеми. Сите имаме право да трчаме по времето затоа што вашиот Устав колку што знам има голем број на малцинства, а тоа значи дека е познат модел. Тој не е измислица во однос на уставите на нашата планета и треба да се надополни. Многу е едноставно, рече премиерот на Албанија, Еди Рама на прашањето дали неговата земја ќе продолжи сама на патот кон полноправно членство во ЕУ доколку во Македонија не се случат уставните измени.

Албанскиот премиер истакна дека имаат поинаков модел во Албанија, но во Парламентот признаваат малцинства, вклучувајќи го и бугарското малцинство, кое има свое присуство, иако е скромно.

-Не мислам дека сме закана кон некое малцинство. Тие се големо богаство. Во наш интерес е и тие да се чувствуваат што подобро во нашата земја и да не се чувствуваат дека постои разлика во однос на останатите граѓани. Верувам дека народот тука е многу попаметен од политичарите, како и насекаде низ светот и нема да им го заборават тоа што се случува, рече Рама како одговор на новинарско прашање.

Тој смета дека С. Македонија нема да се врати во минатото и да се самоизолира.

-За мене ќе биде фатално доколку има враќање назад. Тоа што е минато, е минато, потенцира Рама на заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски.

Слични содржини