Рамадани: Ќе бевме и побрзо во НАТО, ама имавме одлучни лидери

од Stefanija Kuzmanovska
164 прегледи

Актер сум и сведок на ситуации кога жалам што немавме лидери, односно раководства кои би прифатиле предизвик и порано за да станевме членка на НАТО многу порано. Некои од нив избегаа од предизвициите, ескривираа пред предизвициите, ги отспиваа мандадите, рече претседателот на Евро-Атлантскиот Совет на Северна Македонија, Исмет Рамадани на годишната конференција „Година на нови можности“.

Тој додаде дека добро е што се појавија Заев и Ципрас и ги отворија вратите на НАТО алијансата, како и тоа дека е добро што се појавија Ковачевски и Петков кои ги отворија вратите за почеток на преговорите за ЕУ.

„Колку и да е доцна, сепак добро е што се случува сега, бидејќи можеше и никогаш да не се случи“, рече Рамадани.

Тој упати порака за соработка и прифаќање на евроатлатнските вредности од сите и рече дека со членството во ЕУ државата ќе биде уште попочитувана на меѓународен план.

Слични содржини