Рамадани: Борисов се дрзнал да краде од парите на европските граѓани

од Nikola Popovski
284 прегледи

САД се вклучија повеќе на Балканот и се покажува дека борбата против криминалот ќе биде одлучна и без пардон, вели аналитичарот и претседателот на Евро-атлантскиот совет во земјава, Исмет Рамадани во емисијата „Само вистина“ околу приведувањето на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов.

Рамадани смета дека ова апсење ќе биде порака до сите јавни функционери да не се дрзнат да ги крадат парите на граѓаните.

-Во случајов парите на европските граѓани од нивните даноци. Функцијата е мандат. Може си 4 години или 8. Не можеме да судиме, но пораката е и до актуелните функционери дека еден ден ќе бидат каде што им е местото ако ги злоупотребат парите на граѓаните. Живееме во евра каде што не може да се сокрие. Сите можат да завршат во затвор, оценува политичкиот аналитичар.

Слични содржини