„Најдобар резултат кај албанскиот блок има Алијанса за Албанците затоа што од 5 стигнаа до 12 пратеници, од позиција на опозиција и без поволностите на власта. Исто така и ДУИ помина добро, поради фактот што сите ја гледаа дека ќе оди во опозиција“, изјави Исмет Рамадани за емисијата „Само вистина“. 
„Сметам дека може да се направи коалиција која ќе биде постабилна. Заев прв ќе проба да формира влада и се зависи од него како ќе пристапи кон другите партии. ДУИ не смее да се однесува препотентно,агресивно и арогантно веќе, затоа што сме во фаза која бара смиреност, се влегува во конкретни преговори за Влада“, рече Рамадани.