Рамадани: Каракачанов требаше да честита 8-ми март со картата на ЕУ

од Nikola Popovski
321 прегледи

Исмет Рамадани, претседател на Евро-атлантскиот совет на Македонија смета дека бугарскиот министер Красимир Каракачанов требало да честита 8-март со картата на ЕУ.

„Тоа ќе беше најпаметен и најмудар потег затоа што Бугарија е земја-членка на ЕУ, а не со Сантефанска Бугарија. Таа Бугарија беше бакшиш од Русија, која траеше неколку месеци и тоа е провокација во негов стил. Тој со ова се бори да го помине прагот на цензус во својата земја. Ако не го помине тој праг, тоа ќе биде порака од народот до него дека не прифаќа политики, настапи и ставови како неговите“, рече Рамадани во гостувањето на емисијата „Само вистина“.

Слични содржини