175
Треба да ни биде јасно дека Албанските политичари апсолутно не одат на размислување да го закочат патот на С.Македонија кон ЕУ. Затоашто кај Албанците е кристално јасно дека најзаедничко нешто што може да биде со Македонците е евроатланскиот пат односно членството во ЕУ, вели во „Само Вистина“, поранешниот политичар Исмет Рамадани.
-Јас и понатаму сметам дека концептот „Едно општество за сите“на Заев е најдобриот концепт кој се совпаѓа со вредностите на ЕУ. Не треба да се создава нервоза за овој процент, вели Рамадани во врска со предлогот на Таравари за формулацијата „20%“ во Уставот.