Во однос на обвиненија и гласините на опозициската партија ВМРО, Исмет Рамадани во „Само Вистина“ рече дека Владата не ни е воопшто слаба затоа што е предводена од едуцирана личност. Што се однесува до предвремени избори потенцираше дека нема да ги има.
– Новата влада одлично почна со Бугарија, еве и со енергенска криза тие се снајдоа. Нема ни темница, има греење, тоа е менаџирање. Кога немавме криза имавме поскапување на струја 50 посто. Има мнозинство 64 пратеници, какви предвремени избори. Избори ќе има во 2024 година. Како да сме некоја Америка, па кога ВМРО ќе дојде се ќе се реши. Две години има пандемија, сите се во криза.
Во врска со тоа дека премиерот Ковачевски честопати во јавноста од опозицијата е нарекуван пиун на поранешниот премиер, Рамадани вели: „Ковачевски не е пиун тој е академски граѓанин“.