Претседателот на Евро-Атлантскиот Совет на Северна Македонија и политички аналитичар, Исмет Рамадани очекува утре да се реагира соодветно на чествувањето на роденденот на Гоце Делчев, но смета дека може да се појави некоја провокација.
-Меѓутоа верувам дека такво нешто нема да се толерира и не треба. Во рамките на тоа што е закон, да се спречи тоа што го имаат на ум оние што ги викаме бељаџии, рече Рамадани во емисијата „Само вистина“.
-Што се донесува до преземените мерки, тоа се професионалци во полицијата. Видов дека се е блокирано и јас знам дека ќе се преземе се што треба. Тоа што не можам да го прифатам е како е можно да тргне некој од Бугарија и да чествува лик како Делчев и да дојдат со намера да провоцираат и да се однесуваат хулигански. Таквите не заслужуваат да го чествуваат револуционерот, додаде аналитичарот.