319
„Португалското претседателство не изненади. Ние не очекувавме ваков нивен ангажман во решавање на спорот со Бугарија“, изјави политичкиот аналитичар Исмет Рамадани за емисијата „24 анализа“.
Според него, политичките партии во Бугарија треба да имаат чувство.
„Треба некоја од партиите да проба уште во предизборната кампања да кажат дека ќе ја кренат рампата и ветото и ќе ги уредат односите со Македонија. Партиите кои беа радикални во однос на нас не поминаа добро на изборите, почнувајќи од партиите на Борисов, ГЕРБ и ВМРО-БНД, на Каракачанов“, вели Рамадани.