58
Министерството за надворешни работи и дијаспора на Република Косово соопштува дека судечкиот совет на Кривичниот суд во Скопје донел одлука Блерим Рамадан да не биде екстрадиран во Србија, пренесува Алсат.
Блерим Рамадани беше приведен на 17 јули на граничниот премин Јажинце, врз основа на потерница издадена од Србија во Интерпол. Неколку дена беше во екстрадициски притвор во Шутка, а потоа пуштен во домашен притвор на адреса во Скопје. Рамадани ќе остане во домашен притвор во Скопје до конечната одлука на Врховниот суд.