571
Политичкиот аналитичар Исмет Рамадани вели дека е убеден дека Владата нема да падне.
-Моите информации се дека нема да падне Владата денеска, но секогаш некоја теоретска можност постои. До некаде ги оправдувам обидите на опозицијата за мнозинство, но не се согласувам со оние на кои поголема им е желбата да дојдат на власта отколку што се подготвени да сработат нешто. Дојдени сме пред врати каде перспективата е светла. Не знам дали успеавме да им објасниме на граѓаните што значи да си во НАТО. Убеден сум дека нема да падне Владата затоа што нема да дозволат тие каде што сме ние инфраструктура проевропска и про НАТО влада со двајца, би рекол, руски пратеници, вели Рамадани во Студио 10.