Рамадани: ВМРО-ДПМНЕ проѕирно ги калкулира партиските интереси со предлогот за 90 пратеници

од Берта Китинска
385 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ во последно време, бегајќи од вистинскиот и дециден одговор кон барањето на помалите партии за една изборна единица,измисли контра-одговор со предлог за парламент со 90 пратеници.Проѕирно и читливо е како ги калкулира партиските интереси, вели во изјава за „Локално“, политичкиот аналитичар Исмет Рамадани.

Аналитичарот децидно тврди дека предлогот за Собрание со 90 пратеници го минира барањето на малите партии за една изборна единица.

-Од друга страна СДСМ не е толку наивна да не им ги разбира намерите и лицемерието во нивниот предлог.Ако се додава тука и ставот на албанските партии кои се априори против,тогаш е сосема јасно дека никаде не се гледа дека има шанси за договор.Малите партии,со намалување на бројот на пратеници во Собранието ништо посебно не добиваат,а треба да знаат дека е само уште еден обид да се манипулираат и да го губат нивниот парламентарен статус.Повторувам,предлогот за собрание со 90 пратеници го минира барањето на малите партии за една изборна единица, објаснува тој.

Според него барањата на некои помали партии за една изборна единица без утврден изборен праг е гршка, објаснувајќи дека тоа им дава аргумент на големите партии дека се многу слаби и да ги сметаат за никакви конкуренти на избори.

– Опозициската ВМРО-ДПМНЕ осоколена од последната ,,инстант’’ победа на последните локални избори,знае дека со бројка под 300 илјади гласови во парламент од 120 пратеници е далеку од апсолутно мнозинство за да формира некаква идна влада.Затоа калкулира со бројката 90 за да го избегне слабиот коалиционен капацитет.Треба еднаш да разберат дека и помалите партии многу добро знаат да ги калкулираат нивните интереси,а за албанските партии да не зборуваме.Но мора да се признае,добро е да има предлози и алтернативи,нека бидат и калкулативни,важно е да имаме и сосема малку конструктивна опозиција, смета Рамадани.

Б.М.

Слични содржини