Актуелно
Почетна / Македонија / Политика / Рамадани за недобивањето датум за преговори: Не паднавме ние на испитот, тука падна ЕУ

Рамадани за недобивањето датум за преговори: Не паднавме ние на испитот, тука падна ЕУ

Уставните амандмани и промените во Уставот кои дадоа зелено светло за да се постигне отворањето на вратите на НАТО и Европската Унија, се само дел од предизвиците и големите одлуки направени во 2019 година, истакна претседателот на Евроатланскиот совет на Македонија – Исмет Рамадани за „Само вистина“ на Канал 5 ТВ.

Првата, според него, е ратификацијата на протоколот за членство во НАТО и продолжување на ратификацијата во сите други земји во нивните парламенти, а второ кога ја добивме поканата за членство.

– Ние бевме сигурни дека ќе ги поминеме сите овие пречки и со тоа можеме да констатираме дека сме само еден чекор од полноправното членство во НАТО, рече Рамадани.

Според него, како настан кој ќе се памети е „недобивањето на датум за преговори со ЕУ“.

– Тука не паднавме ние на испитот, тука падна Европската Унија, затоа што нивните очекувања, ние ги испполнивме, додаде Рамадани.

loading...