Дефанзивецот на Реал Мадрид и капитен, Серхио Рамос го бранеше менторот на тимот Хулен Лопетеги, откако загубија на посетата кај Алавеш.
„Други прават такви одлуки, но никогаш не е добро кога има промена на тренер. Тоа би било лудило. Мораме да одиме напред, бидејќи сезоната е многу долга и имаме долг пат. Кој вели дека Реал Мадрид е мртов, секогаш греши. Ние, играчите, први сме да направиме повеќе напори за подобрување, а ние го правиме тоа. Не е фер никого да се обвинува. Сите сфаќаме каква е реалноста“, изјави Рамос по мечот.
„Резултатите се за што зборуваат луѓето, особено кога ќе изгубите. Но, ние се уште сме посветени и амбициозни и продолжуваме да сакаме да победуваме. Ова е во нашата ДНК. Ние сме на вистинскиот пат, и покрај лошите резултати. Головите ќе дојдат и ние секогаш се бориме за нашите цели“, рече уште капитенот.